АВТО КОНТРОЛ

Улица:
Никола Вапцаров 3а

Телефон:
+389 48 550 750

Email:
avtocontrol@yahoo.com

За нашата работа

Во Германија и остатокот од западна Европа приближно 30% од половните возилата се на продажба со ‘прилагоден’ километраж.
Во некои региони на источна Европа таа бројка достигнува до 80% од половните возила.
Долго време е јавна тајна дека киломтеражите се враќаат на одреден број на изминати киломтери и како такви се продаваат на пазарот за многу повисоки цени заради ‘малата’ километража и тоа доведува до зголемување на цените од неколку стотици до илјдадници евра.

Авто производителите тврдат дека нивните најнови типови на киломтеражи се со најсовремена технологија и дека е скоро невозможно киломтеражот да биди изманипулиран но сите сме сведоци дека тие што се подготвени на таква измама располагаат со современа технологија и се способни да го изманипулираат киломeтражот и да покажат значително помала бројка на изминати киломтери.

Жртви на сето ова се невините купувачи кои сега имаат можност да ја проверат веродостојноста на киломeтражот и потрошеноста на моторот и другите делови на возилото кое им се нуди.

Тахо Шпиун

Како функционира

Секој мотор кога работи произведува ултра соничен звук, исто како и човековиот глас или одпечаток од прст. Изворот на ултразвукот може да биде детектиран, снимен и анализиран. Моторите од различни производители имаат индивидуални звучни подписи. Секој мотор си има свој индивидуален звук кој се менува во текот на неговит век на траење, и зависи од сптепенот на потрошеност и моментот на ангажираност. Затоа нашиот метод на тестирање со ТахоШпиунот ни дава јасна слика на состојбата на моторот, резултат на редовноста на одржувањето на моторот, начинот на кој бил одржуван и реалната помината километража.

Принципот на ултрасоничните грешки е добро познат во индустријата и е развиен да ги тестира високо технолошките системи.

Ултрасоничните звуци се индикатори на дефекти и со екстремната осетливост на нашиот апарат тие можат да бидат детектирани во раните фази на дефектот.

Тахо шпиунот се користи уште од 2001 година за анализиранње на 11 600 типови на комбинации од мотори/шасии.
Како резултат на тоа се извршени 250 000 мерења секое извршено на различен степен на потрошеност и има дадено статистички валидна база на податоци за нашите сегашни и идни мерења и тестирања. Достигнува точност од +/- 10%   во случај кога во моторот не се користени адитиви за масла и горива, во тој случај апаратот ќе покаже помал број на километри од фактичката состојба на таблата ова е исто така показател за  квалитетот на одржувањето, и начинот и употреабта на возилото (градска вожња, пасивно или спортки возено).
Мерењето трае само неколку минути и не бара никакво растурање на моторот или возилото во целост.

Добиените вредности се споредуваат со дата базата преку интернет и резултатие се достапни веднаш.
Исто како моторот, и другите компоненти на него можат да бидат измерени за нивниот степен на потрошеност како:
Менувач, Водена пумпа, Серво, Турбина итн.

Tacho Spion

Зошто ултра звукот е решение за вашите проблеми

Ултра звук се произведува при триење, удар, турболенција и електрични празнења. Нашиот апарат ги детектира и ги конвертира ултра звукот во нормален звук кој потоа се користи за испитување, споредување и утврдување дијагноза.

Употреба во воена индустрија.

Нашата технологија има широка употреба во сите воени и  владини организации и игра клучна улога во намалувањето на работната сила и проценка на крични системи.

Перформансите на нашиот продукт се тестриани, одобрени и користени од Американската вселенска агенција (NASA) и сите гранки на Американската војска.

Ценовник

Цени за индивидуални мерења на автомобили

Мерење на километражот спрема моменталната потрошеност на моторот 3000 Денари
Мерење на пренос(менувач) 1800 Денари
Мерење алтернатори 1000 Денари
Мерење на серво 1800 Денари
Мерење на пумпи за вода 1000 Денари
Мерење турбополначи 1800 Денари
Проверка на инјектори Оваа услуга се очекува наскоро
Проверка на дихтовање на стаклата од автомобилот По договор
ОДБИРАЊЕ НА ЦЕЛОКУПЕН ПАКЕТ 6000 Денари

 

Цени за индивидуални мерења мотоцикли над (125 cm3) од

Мерење на километражот спрема моменталната потрошеност на моторот 3000 денари

 

2000 Денари

Цени за индивидуални мерења од тешки возила

Мерење на километражот спрема моменталната потрошеност на моторот 5000 денари
Мерење на пренос 3000 Денари
Мерење алтернатори                 2000 Денари
Мерење на серво пумпа                 3000 Денари
Мерење на пумпи за вода                 2000 Денари
Мерење турбополначи                 3000 Денари
Проверка на дихтовање на стаклата од кабина                   По договор
Проверка на инјектори      Оваа услуга се очекува                            наскоро
ОДБИРАЊЕ НА ЦЕЛОКУПЕН ПАКЕТ               10 000 Денари

 

Проверка на дихтовање на стакла и врати на автобус

Цена по договор

 

Проверка на истекување на сите системи под вакум или притисок

Цена по договор

 

Проверка на дихтовање на стаклени фасади на деловни и стамбени објекти

Цена по договор

 

ТахоШпиун

 

Револуционерна направа (ТахоШпиун) која го скенира моторот со ултразвук и ја одредува точната километража и потрошеност на сите мотори со внатрешно согорување.

Со технологијата која ви ја нуди нашата компанија ќе им се застане на патот на злоупотребите од страна на луѓето кои ги “штеловаат” километражите на половните возила пред продажба.

Точното одчитување ќе го спречи враќањето на километражите на возилата и ке одговори на здачата поставена од европската унија да до крајот на 2017 година да биде изградена база на податоци со која ќе се застани на патот на фирмите кои се занимаваат со таа работа и да овозможи јасна слика на купувачите на половни возила во Европа.
Нашиот уред се развива во последниве 10 години и е веќе во употреба во:

Греманија, Грција,Шпанија,Бугарија, Словенија, Словачка, Романија, Италија, Русија, Финска, Данска, Норвешка, Србија, Португалија, Белгија, Ирска, Полска, Аустрија, САД и Малезија.

ТахоШпионот ја проверува потрошеноста на моторот со ултра звук кој дава прецизни податоци од 5% до 10% во неколку минути. Основачот на ТахоШпун Г-динот Мајкл Шмуценхофер како водечка идеја ја користи заштита на невините купувачи кои немаат скоро никаков начин да се заштитат себе си кога станува збор за купување на половно возило, нив му се презентира возило кое има изминато релативно мал број на поминати киломтери и новите сопственици мислат дека терминот за сервис на возилото е некаде по 2 години а во суштина возилото многу одамна требало да биди сервисиранo за да одговора на описот кој што му представен од страна на продавачот.

Како во европа така и во остатокот од светот сите се безпомошни во справувањето со овај предизвик (КОЛАТА Е КУПЕНА ОД СТАРА БАБА ОД ГЕРМАНИЈА) и измамите со враќањето на киломемтражот.

Се проценува дека повеќе од една третина од возилата во европа се со вратен киломтераж и скоро половина милион возила во Англија и тоа ги ги кошта купувачите скапо и ја кошта европската економијата огромни средства.

Првиот чекор на Европската унија во справувањето со овај проблем е задолжителната база на податоци која треба да се оформи до крајот на 2017 и воведување на задолжителна годишна проверка во следните години со цел да ја одржи точноста на таја база на податоци.

Постои само една потенцијална грешка да се појави во одчитуваањето на киломтеражот а тоа е во ситуација кога возилото никогаш не било редовно сервисирано или е донесено до сериозен степен на истрошеност, во тој случај ТахоШпиунот ке прикажи поголем број на изминати киломтери од вистинските а не бил вратен, но сепак тоа е корисна информација која потенцијалниот купувач ќе ја има на располагање при донесувањето на одлуката дали да го купи возилото или не.


Tacho Spion

Телефон:

078 46 47 48

Email:
info@tacho-spion.mk


Име *

Email *

Порака *